КОМПЛЕКС БУТЕЛ

Станбената зграда се наоѓа на бул.”Христијан Тодоровски Карпош” бб, Општина Бутел Скопје. 

Површината на локацијата (градежната парцела) изнесува 2774 м2, додека површината за градење изнесува 1613 м2. 

Објектот се состои од две ламели, кула и блок. 

Висината на блокот е П+5+Пк , а на кулата е П+11+ПК, како и подрумско ниво во кое е решено паркирањето. Влезот во кулата е од  од бул.”Христијан Тодоровски Карпош ”, додека влезот во блокот е од сервисната улица. 

На приземјето се проектирани деловни и магацински простории. Влезовите за деловните простории се исто од бул.Христијан Тодоровски Карпош , додека од сервисната улица се сместени магацинските простории. 

 На катовите од 1 до 5 и од 1 до 11  се проектирани станови со различна структура и тоа од:  двособни, трособни и четворособни станови.  

Пристапот од подрумскиот дел е преку сервисната улица, каде што се сместени паркинг местата. 

Архитектурата е конципиран како објект со елементи од модерната архитектура во склад со новите актуелни трендови. 

УРБАНИСТИЧКА ПОСТАВЕНОСТ

Станбената зграда се наоѓа во Општина Бутел, на бул.”Христијан Тодоровски Карпош” бб. Станбената зграда преку оваа улица се поврзуваа со ул. “Цветан Димов, со што самиот булевар директно се поврзува со централното градско подрачје. Во потесното опкружување на станбената зграда, во непосредна близина се наоѓаат: Општина Чаир , Поликлиника Чаир,  основни училишта, средни училишта, итн. 

Самата местоположба на станбената зграда ви дава директна поврзаност со сето она што е потребно за одвивање на вашиот современ живот. 

ПРОЕКТАНТСКО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Станбената зграда претставува станбено-деловен објект. Објектот располага со 131 станбени единици решени во 2 влеза и 4 големи лифтови. Сите катови се со намена домување, освен приземјето кое е со намена деловен, и тоа: 

Влез А- Приземје- 5 деловни простории и 1 магацин 

Влез Б Приземје- 2 деловни простории и магацин 

Во влез А се проектирани станови од 1 до 5 кат, содржината на станови е следна од: двособни се до четворособни станови.

Во влез Б се проектирани  станови од 1 до 11 кат, содржината на станови е следна од: двособни се до четворособни станови.

Според ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИН И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НЕПРЕЧЕН ПРИСТАП, ДВИЖЕЊЕ, ПРЕСТОЈ И РАБОТА НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ (Сл.Весник на Р.М. бр. 17/15), проектирани се 4 (од потребни 4) стана за лица со посебни потреби и тоа: 

 

Влез А, кат 1, стан бр.1 

Влез А, кат 1, стан бр.2 

Влез Б, кат 1, стан бр.1 

Влез Б, кат 1 , стан бр.2 

ТИПОВИ НА СТАНОВИ

Становите по структура се со различна големина, и тоа од:  двособни, трособни и четворособни. Становите се проектирани на тој начин за да ги задоволаат потребите на нашите клиенти, кои имаат различни барања и различни финансиски можности. 

ДВОСОБЕН МОДЕЛ 1

ДВОСОБЕН МОДЕЛ 2

ДВОСОБЕН МОДЕЛ 3

ДВОСОБЕН МОДЕЛ 4

ДВОСОБЕН МОДЕЛ 5

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 1

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 2

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 3

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 4

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 5

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 6

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 7

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 8

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 9

ЧЕТРОСОБЕН МОДЕЛ 1

ЧЕТРОСОБЕН МОДЕЛ 2

ЧЕТРОСОБЕН МОДЕЛ 3

ЧЕТРОСОБЕН МОДЕЛ 4

КОНСТРУКЦИЈА, МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

КОНСТРУКЦИЈА, МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 

Конструктивниот систем е составен од армирано бетонски столбови и греди со различни распони, поставени така што најдобро се обезбедува поволно решение за паркирањето а пред се флексибилно решавање на станбените единици. 

Темелењето ќе биде со армирано бетонска плоча со дебелина од 160 см кај кулата и дебелина од 110 см кај блокот. 

Меѓукатните плочи се со дебелина од 18см. Катната висина од плоча до плоча е 3,05м.

Сите градежни материјали и вградени инсталации треба да ги задоволуваат важечките технички услови и стандарди во однос на конструкцијата, противпожарната безбедност, топлотната и звучната изолација, заштита од влага и енергетска ефикасност. Материјалите со своите физички перформанси, структура и боја, влијаат на комфорот и пријатното чувство во просторот. Еколошката и хигиенската беспрекорност на вградените материјали треба да се во согласност со прописите за градежни производи, за намената за која се предвидени. 

Подови 

За изведбата на подовите и изборот на материјалите треба да се има во предвид следново:
подконструкцијата на подовите треба да е во согласност со прописите за овој вид објекти; материјалите за обработка на подовите треба да бидат тврди, нелизгави и лесни за одржување; за станбените единици материјалите за подот треба да бидат лесни за оддржување, топли и нијансирани со светли тонови; материјалите за завршна обработка во просториите каде се употребува вода (санитарни простории, кујна, пералница, котларница) треба да бидат нелизгави, коси, со пад кон подните сифони, спротивно од пристапот кон нив, завршно со гранитни противклизни плочки; да се предвиди соодветна термичка и звучна изолација на подовите. 

Sидови и плафони 

Фасадани sидови-Фасадните ѕидови се предвидени да бидат од сипорекс блокови со дебелина од 20 см и соодветна термоизолација од 5 см. 

Ѕидовите меѓу станбените единици и станбените единици и ходниците ќе бидат сендвич ѕидови со пожарна отпорност од 2 часа и вкупна д= 26 см. 

Внатрешните преградни ѕидови треба да бидат изработени од сипорекс блокови со вкупна д= 10 см, со соодветна звучна и топлинска изолација кај станбените едници, а кај санитарните јазли со д= 12 см и соодветна завршна обработка од керамички плочки. 

Во санитариите и во просториите каде се предвидени санитарни уреди, ѕидовите со височина од 240 см (бањи) и 150см (кујни), треба да бидат обложени со керамички плочки, или друг вид градежен материјал кој е водонепропусен, постојан и лесен за одржување со течни средства за дезинфекција. Површините на плафоните треба да се мазни и светли со минимална рефлексија. 

 

Ѕид тип 1: Надворешен фасаден sид 

Термичка фасада со 10 см експандиран стиропор 

Сипорекс блок со димензии 20/20/25см 

Малтерисување  гипсан глет малтер 1.5 см 

Боено 

Ѕид тип 2: Преграден сендвичен sид 

Сипорекс Блок 10 см 

Термоизолација 5 см 

Блок тула 9 см  од внатрешна и надворешна страна малтерисани со гипсан глет или цементен малтер со д= 1.5 см. 

Ѕид тип 3: Внатрешен преграден sид 

 Сипорекс Блок 9 см  од внатрешна и надворешна страна малтерисани со гипсан глет или цементен малтер со д= 1.5 см. 

Ѕид тип 4: Подрумски бетонски sид 

А.Б Ѕид 20 см и 

Дресован и боен 

Прозори 

Прозорците ќе бидат изработени од ПВЦ со термоизолирани профили и термоизолационо стакло (4+16+4) со мин. коеф. на топлинска спроводливост од 1.3 w/m2. Можност за отворање и по хоризонтала и по вертикала. Во просториите каде има ниски парапети, прозорците треба дополнително да бидат обезбедени од удари. 

Врати 

Надворешните влезни врати треба да бидат обезбедени од надворешни влијанија со стреи, натстрешници, тремови и сл. Влезните врати и вратите во ветробраните треба да функционираат со автоматско затворање. Влезните врати во станбените единици треба да имаат најмалку 90 см светол отвор, вратите од заедничките простории треба да имаат најмалку 100 см светол отвор. Вратите во станбените единици наменети за лица со посебни потреби да имаат светла широчина најмалку 110 см. 

Фасада 

Објектот е конципиран со елементи од модерната архитектура во склад со новите актуелни трендови. Sидните површини се обработени со класична термофасада, со можност за внесување на облоги од дрво или керамика на соодветна потконструкција. 

ЗСФ КОМ во своето долгогодишно работно искуство, успешно има инвестирано во изведба на станбени објекти и континуирано се стреми кон подобрување и унапредување на стандардите во нашиот пазар. 

СИГУРНОСТ
Клиентите инвестираат во недвижен имот од ЗСФ КОМ, бидејќи ние им даваме сигурност за брзината на градбата, исполнувањето на роковите и гаранции за вградените материјали. 

КВАЛИТЕТ
Нашата компанија инвестира во квалитетни градежни материјали и опрема од светски брендови со цел да се постигне врвен квалитет при градењето.