
СЕМЕЕН ДОМ! НЕ САМО СТАН!
ОБЈЕКТ НА УЛ. ПРАШКА
Станбената зграда се наоѓа на ул.”Прашка” бб, Општина Карпош Скопје.
Површината на локацијата (градежната парцела) изнесува 2492 м2, додека површината за градење изнесува 1046 м2.
Висината на објектот е П+8+Пк и галерија на поткровје, како и подрумско ниво во кое е решено паркирањето. Влезовите во станбената зграда се наоѓаат од ул.”Прашка”.
На приземјето се проектирани деловни и магацински простории. Влезовите за деловните простории се исто од улица Прашка, додека од сервисната улица се сместени магацинските простории.
На катовите од 1 до 8 се проектирани станови со различна структура и тоа од: гарсоњери, двособни, трособни и четворособни станови. На поткровје и галерија на поткровје се проектирани 8 дуплекс станови засебно за влез 1 и влез 2.
Пристапот од подрумскиот дел е преку сервисната улица, каде што се сместени паркинг местата.
Архитектурата е конципиран како објект со елементи од модерната архитектура во склад со новите актуелни трендови.
УРБАНИСТИЧКА ПОСТАВЕНОСТ
Станбената зграда се наоѓа во Општина Карпош, на ул. “Прашка” бб. Станбената зграда преку оваа улица се поврзуваа со ул. “Лондонска” и булеварот “8 Септември”, со што самиот булевар директно се поврзуваа со централното градско подрачје. Во потесното опкружување на станбената зграда, во непосредна близина се наоѓаат: шопинг центар Skopje City Mall, Веро Супермаркет Тафталиџе, образовни институции, основни училишта, средни училишта, здраствени установи, високо обравозовни институции итн.
Самата местоположба на станбената зграда ви дава директна поврзаност со сето она што е потребно за одвивање на вашиот современ живот.
Оддалеченост од:
- Skopje City Mall- 1,4 км / 4 минути со автомобил
- Болница Филип Втори – 1,6 км / 4 минути со автомобил
- Клинички центар – 3,5 км / 9 минути со автомобил
- Центар на град Скопје – 2,3 км / 5 минути со автомобил
- Транспортен центар – 4,5 км / 11 минути со автомобил
- С.Ц. “Борис Tрајковски” – 2,4 км / 6минути со автомобил
- Градски парк – 2,7 км / 6 минути со автомобил
- Водно – 16,4 км / / 1 час и 4 минута со автомобил
- Аеродром Скопје – 7,0 км / 16 минути со автомобил
- Попова Шапка – 60,6 км / 1 час и 9 минута со автомобил
- Маврово – 93,4 км / 1 час и 25 минута со автомобил
ПРОЕКТАНТСКО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Станбената зграда претставува станбено-деловен објект. Објектот располага со 144 станбени единици решени во 2 влеза со по 72 стана. Двата влеза се поврзуваат на ниво на кров. Сите катови се со намена домување, освен приземјето кое е со намена деловен, и тоа:
- Влез 1- Приземје- 4 деловни простории и магацин
Карактеристичен кат- 8 станови
Поткровје и галерија на поткровје- 8 дуплекс станови
- Влез 2– Приземје- 4 деловни простории и магацин
Карактеристичен кат- 8 станови
Поткровје и галерија на поткровје- 8 дуплекс станови
Во влез 1 се проектирани по 8 станови на кат, односно од 1 до 8 кат, содржината на станови е следна од: гарсоњери се до четворособни станови, додека на поткровје се предвидени дуплекс станови.
Во влез 2 се проектирани по 8 станови на кат, односно од 1 до 8 кат, содржината на станови е следна од: гарсоњери се до четворособни станови, додека на поткровје се проектирани дуплекс станови.
–
Според ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИН И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НЕПРЕЧЕН ПРИСТАП, ДВИЖЕЊЕ, ПРЕСТОЈ И РАБОТА НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ (Сл.Весник на Р.М. бр. 17/15), проектирани се 4 (од потребни 4) стана за лица со посебни потреби и тоа:
- Влез 1, кат 1, стан бр.1
- Влез 1, кат 1, стан бр.2
- Влез 2, кат 1, стан бр.1
- Влез 2, кат 1 , стан бр.2
ТИПОЛОГИЈА
СОДРЖИНА
Поради различната површина и диспозиција на становите, предвидени се следните типови на станови:
- Гарсоњери
- Двособни станови
- Трособни станови
- Четворособни станови, како и:
- Двособни станови дуплекс
- Трособни станови дуплекс
- Четворособни станови дуплекс
- Петособни станови дуплекс
Во влез 1 се застапени сите типови на станови од 1 до 8 кат, од гарсоњери па се до четворособни станови. На поткровје се застапени следните станови:
- Трособен дуплекс тип А,
- Петособен дуплекс тип Б,
- Двособен дуплекс тип Б,
- Петособен дуплекс тип А,
- Четворособен дуплекс тип А,
- Четворособен дуплекс тип Б
- Двособен дуплекс тип А и
- Трособен дуплекс тип Б.
Во влез 2 се застапени сите типови на станови од 1 до 8 кат, од гарсоњери па се до четворособни станови. На поткровје се застапени следните станови:
- Трособен дуплекс тип А
- Петособен дуплекс тип Б
- Двособен дуплекс тип Б
- Петособен дуплекс тип А
- Четворособен дуплекс тип А
- Четворособен дуплекс тип Б
- Двособен дуплекс тип А и
- Трособен дуплекс тип Б.
Останатите единици кои се вклучени на станбено-деловната зграда се:
Партерно уредување
Секој од деловните и магацинските простории имаат засебни влезови, 2 влезови за станбените единици, надземни паркинг места, рампа за влез и излез во подземните нивоа, како и зелени површини.
Приземје
Приземјето на станбената зграда е збогатено со:
- Деловни простории
- Магацинскии простории
- Влезови во станбените единици со скалишни пристапи и рампи за лица со посебни потреби
- Внатрешни скалишни вертикални комуникации и холови и
- 4 современи лифтови.
Подрум -1
- Хоризонтални комуникации со пристапни рампи
- Паркинг места
- Остави
- Технички простории
- Скалишни вертикални комуникации со лифтови за влез 1 и влез 2.
ТИПОВИ НА СТАНОВИ
Становите по структура се со различна големина, и тоа од: гарсоњери, двособни, трособни, четворособни, како и атрактивни дуплекс станови. Становите се проектирани на тој начин за да ги задоволаат потребите на нашите клиенти, кои имаат различни барања и различни финансиски можности.
ГАРСОЊЕРА ТИП А
ДВОСОБЕН ТИП А
ДВОСОБЕН ТИП Б
ДВОСОБЕН ТИП В
ТРОСОБЕН ТИП А
ТРОСОБЕН ТИП Б
ТРОСОБЕН ТИП В
ЧЕТРОСОБЕН ТИП А
ДВОСОБЕН ДУПЛЕКС ТИП А
ТРОСОБЕН ДУПЛЕКС ТИП А
ТРОСОБЕН ДУПЛЕКС ТИП Б
ТРОСОБЕН ДУПЛЕКС ТИП В
ЧЕТРОСОБЕН ДУПЛЕКС ТИП А
ЧЕТРОСОБЕН ДУПЛЕКС ТИП Б
ПЕТОСОБЕН ДУПЛЕКС ТИП А
ПЕТОСОБЕН ДУПЛЕКС ТИП Б
КОНСТРУКЦИЈА, МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Конструктивниот систем е составен од армирано бетонски столбови и греди со различни распони, поставени така што најдобро се обезбедува поволно решение за паркирањето а пред се флексибилно решавање на станбените единици.
Темелењето ќе биде со армирано бетонска плоча со дебелина од 100 см.
Сите градежни материјали и вградени инсталации треба да ги задоволуваат важечките технички услови и стандарди во однос на конструкцијата, противпожарната безбедност, топлотната и звучната изолација, заштита од влага и енергетска ефикасност. Материјалите со своите физички перформанси, структура и боја, влијаат на комфорот и пријатното чувство во просторот. Еколошката и хигиенската беспрекорност на вградените материјали треба да се во согласност со прописите за градежни производи, за намената за која се предвидени.
Подови
За изведбата на подовите и изборот на материјалите треба да се има во предвид следново:
- подконструкцијата на подовите треба да е во согласност со прописите за овој вид објекти;
- материјалите за обработка на подовите треба да бидат тврди, нелизгави и лесни за одржување;
- за станбените единици материјалите за подот треба да бидат лесни за оддржување, топли и нијансирани со светли тонови;
- материјалите за завршна обработка во просториите каде се употребува вода (санитарни простории, кујна, пералница, котларница) треба да бидат нелизгави, коси, со пад кон подните сифони, спротивно од пристапот кон нив, завршно со гранитни противклизни плочки;
- да се предвиди соодветна термичка и звучна изолација на подовите.
Sидови и плафони
Фасадани sидови-Фасадните ѕидови се предвидени да бидат од сипорекс блокови со дебелина од 20 см и соодветна термоизолација од 5 см.
Ѕидовите меѓу станбените единици и станбените единици и ходниците ќе бидат сендвич ѕидови со пожарна отпорност од 2 часа и вкупна д= 26 см.
Внатрешните преградни ѕидови треба да бидат изработени од сипорекс блокови со вкупна д= 10 см, со соодветна звучна и топлинска изолација кај станбените едници, а кај санитарните јазли со д= 12 см и соодветна завршна обработка од керамички плочки.
Во санитариите и во просториите каде се предвидени санитарни уреди, ѕидовите со височина од 240 см (бањи) и 150см (кујни), треба да бидат обложени со керамички плочки, или друг вид градежен материјал кој е водонепропусен, постојан и лесен за одржување со течни средства за дезинфекција. Површините на плафоните треба да се мазни и светли со минимална рефлексија.
Ѕид тип 1: Надворешен фасаден sид
- Термичка фасада со 10 см експандиран стиропор
- Сипорекс блок со димензии 20/20/25см
- Малтерисување – гипсан глет малтер 1.5 см
- Боено
Ѕид тип 2: Преграден сендвичен sид
- Сипорекс Блок 10 см
- Термоизолација 5 см
- Блок тула 9 см – од внатрешна и надворешна страна малтерисани со гипсан глет или цементен малтер со д= 1.5 см.
Ѕид тип 3: Внатрешен преграден sид
- Сипорекс Блок 9 см – од внатрешна и надворешна страна малтерисани со гипсан глет или цементен малтер со д= 1.5 см.
Ѕид тип 4: Подрумски бетонски sид
- А.Б Ѕид 20 см и
- Дресован и боен
Прозори
Прозорците ќе бидат изработени од ПВЦ со термоизолирани профили и термоизолационо стакло (4+16+4) со мин. коеф. на топлинска спроводливост од 1.3 w/m2. Можност за отворање и по хоризонтала и по вертикала. Во просториите каде има ниски парапети, прозорците треба дополнително да бидат обезбедени од удари.
Врати
Надворешните влезни врати треба да бидат обезбедени од надворешни влијанија со стреи, натстрешници, тремови и сл. Влезните врати и вратите во ветробраните треба да функционираат со автоматско затворање. Влезните врати во станбените единици треба да имаат најмалку 90 см светол отвор, вратите од заедничките простории треба да имаат најмалку 100 см светол отвор. Вратите во станбените единици наменети за лица со посебни потреби да имаат светла широчина најмалку 110 см.
Фасада
Објектот е конципиран со елементи од модерната архитектура во склад со новите актуелни трендови. Sидните површини се обработени со класична термофасада, со можност за внесување на облоги од дрво или керамика на соодветна потконструкција.
КВАЛИТЕТ, СИГУРНОСТ И ПРОФЕСИОНАЛНОСТ
ЗСФ КОМ во своето долгогодишно работно искуство, успешно има инвестирано во изведба на станбени објекти и континуирано се стреми кон подобрување и унапредување на стандардите во нашиот пазар.
СИГУРНОСТ
Клиентите инвестираат во недвижен имот од ЗСФ КОМ, бидејќи ние им даваме сигурност за брзината на градбата, исполнувањето на роковите и гаранции за вградените материјали.
КВАЛИТЕТ
Нашата компанија инвестира во квалитетни градежни материјали и опрема од светски брендови со цел да се постигне врвен квалитет при градењето.