
ШУТО ОРИЗАРИ
Станбената зграда се наоѓа на ул.”Новопланирана 1” бб, Општина Шуто Оризари Скопје.
Површината на локацијата (градежната парцела) изнесува 966 м2, додека површината за градење изнесува 526 м2.
Висината на објектот е П+6+Пк , како и три подрумски нивоа во кои е решено паркирањето.
Влезот во зградата е од ул.” Шуто Оризари ”.
На приземјето се проектирани 10 деловни простории со различна квадратура . Влезовите за деловните простории се исто од ул.” Шуто Оризари ”.
На катовите од 1 до 6 и поткровје се проектирани станови со различна структура и тоа од: двособни, трособни и станови за лица со посебни потреби.
Пристапот до подрумскиот дел е преку Новопланирана улица, каде што се сместени паркинг местата.
Архитектурата е конципиран како објект со елементи од модерната архитектура во склад со новите актуелни трендови.
УРБАНИСТИЧКА ПОСТАВЕНОСТ
Станбената зграда се наоѓа во Општина Шуто Оризари, на ул.”Новопланирана” бб. Станбената зграда преку оваа улица се поврзуваа со бул. Словенија, со што директно се поврзува со централното градско подрачје. Во потесното опкружување на станбената зграда, во непосредна близина се наоѓаат: Општина Шуто Оризари , Пазар Шутка, Амбуланта, основни училишта, средни училишта, итн.
Самата местоположба на станбената зграда ви дава директна поврзаност со сето она што е потребно за одвивање на вашиот современ живот.
ПРОЕКТАНТСКО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Станбената зграда претставува станбено-деловен објект. Објектот располага со 56 станбени единици решени во 2 влеза и 2 големи лифтови. Сите катови се со намена домување, освен приземјето кое е со намена деловен, и тоа:
Влез 1- Приземје- 5 деловни простории и
Влез 2– Приземје- 5 деловни простории
Во влез 1 се проектирани станови од 1 до 7 кат, содржината на станови е следна од: двособни се до трособни станови.
Во влез 2 се проектирани станови од 1 до 7 кат, содржината на станови е следна од: двособни се до трособни станови.
Според ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИН И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НЕПРЕЧЕН ПРИСТАП, ДВИЖЕЊЕ, ПРЕСТОЈ И РАБОТА НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ (Сл.Весник на Р.М. бр. 17/15), проектирани се 4 (од потребни 4) стана за лица со посебни потреби и тоа:
кат 1, стан бр.1 и бр.4
кат 3, стан бр.17 и бр.20
ТИПОВИ НА СТАНОВИ
Становите по структура се со различна големина, и тоа од: двособни, трособни и станови за лица со посебни потреби. Становите се проектирани на тој начин за да ги задоволаат потребите на нашите клиенти, кои имаат различни барања и различни финансиски можности.
ДВОСОБЕН МОДЕЛ 1
ДВОСОБЕН МОДЕЛ 4
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 2
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 3
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 4
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 5
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 6
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 7
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 8
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 9
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 10
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 11
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 12
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 13
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 14
КОНСТРУКЦИЈА, МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
КОНСТРУКЦИЈА, МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Конструктивниот систем е составен од армирано бетонски столбови и греди со различни распони, поставени така што најдобро се обезбедува поволно решение за паркирањето а пред се флексибилно решавање на станбените единици.
Темелењето ќе биде со армирано бетонска плоча со дебелина од 110 см.
Меѓукатните плочи се со дебелина од 20 см. во подрумскиот дел додека кај становите се со дебелина од 15цм. Катната висина од плоча до плоча е 2.95м.
Сите градежни материјали и вградени инсталации треба да ги задоволуваат важечките технички услови и стандарди во однос на конструкцијата, противпожарната безбедност, топлотната и звучната изолација, заштита од влага и енергетска ефикасност. Материјалите со своите физички перформанси, структура и боја, влијаат на комфорот и пријатното чувство во просторот. Еколошката и хигиенската беспрекорност на вградените материјали треба да се во согласност со прописите за градежни производи, за намената за која се предвидени.
Подови
За изведбата на подовите и изборот на материјалите треба да се има во предвид следново:
подконструкцијата на подовите треба да е во согласност со прописите за овој вид објекти; материјалите за обработка на подовите треба да бидат тврди, нелизгави и лесни за одржување; за станбените единици материјалите за подот треба да бидат лесни за оддржување, топли и нијансирани со светли тонови; материјалите за завршна обработка во просториите каде се употребува вода (санитарни простории, кујна, пералница, котларница) треба да бидат нелизгави, коси, со пад кон подните сифони, спротивно од пристапот кон нив, завршно со гранитни противклизни плочки; да се предвиди соодветна термичка и звучна изолација на подовите.
Sидови и плафони
Фасадани sидови-Фасадните ѕидови се предвидени да бидат од сипорекс блокови со дебелина од 20 см и соодветна термоизолација од 10 см.
Ѕидовите меѓу станбените единици и станбените единици и ходниците ќе бидат сендвич ѕидови со пожарна отпорност од 2 часа и вкупна д= 25 см.
Внатрешните преградни ѕидови треба да бидат изработени од сипорекс блокови со вкупна д= 10 см, со соодветна звучна и топлинска изолација кај станбените едници, а кај санитарните јазли со д= 12 см и соодветна завршна обработка од керамички плочки.
Во санитариите и во просториите каде се предвидени санитарни уреди, ѕидовите со височина од 240 см (бањи) и 150см (кујни), треба да бидат обложени со керамички плочки, или друг вид градежен материјал кој е водонепропусен, постојан и лесен за одржување со течни средства за дезинфекција. Површините на плафоните треба да се мазни и светли со минимална рефлексија.
Ѕид тип 1: Надворешен фасаден sид
Термичка фасада со 10 см експандиран стиропор
Сипорекс блок со димензии 60/20/25см
Малтерисување – гипсан глет малтер 1.5 см
Боено
Ѕид тип 2: Преграден сендвичен sид
Сипорекс Блок 10 см
Термоизолација 5 см
Блок тула 9 см – од внатрешна и надворешна страна малтерисани со гипсан глет или цементен малтер со д= 1.5 см.
Ѕид тип 3: Внатрешен преграден sид
Сипорекс Блок 10 см – од внатрешна и надворешна страна малтерисани со гипсан глет или цементен малтер со д= 1.5 см.
Ѕид тип 4: Подрумски бетонски sид
А.Б Ѕид 25 см и
Дресован и боен
Прозори
Прозорците ќе бидат изработени од ПВЦ со термоизолирани профили и термоизолационо стакло (4+16+4) со мин. коеф. на топлинска спроводливост од 1.3 w/m2. Можност за отворање и по хоризонтала и по вертикала. Во просториите каде има ниски парапети, прозорците треба дополнително да бидат обезбедени од удари.
Врати
Надворешните влезни врати треба да бидат обезбедени од надворешни влијанија со стреи, натстрешници, тремови и сл. Влезните врати и вратите во ветробраните треба да функционираат со автоматско затворање. Влезните врати во станбените единици треба да имаат најмалку 90 см светол отвор, вратите од заедничките простории треба да имаат најмалку 100 см светол отвор. Вратите во станбените единици наменети за лица со посебни потреби да имаат светла широчина најмалку 110 см.
Фасада
Објектот е конципиран со елементи од модерната архитектура во склад со новите актуелни трендови. Sидните површини се обработени со класична термофасада, со можност за внесување на облоги од дрво или керамика на соодветна потконструкција.
ЗСФ КОМ во своето долгогодишно работно искуство, успешно има инвестирано во изведба на станбени објекти и континуирано се стреми кон подобрување и унапредување на стандардите во нашиот пазар.
СИГУРНОСТ
Клиентите инвестираат во недвижен имот од ЗСФ КОМ, бидејќи ние им даваме сигурност за брзината на градбата, исполнувањето на роковите и гаранции за вградените материјали.
КВАЛИТЕТ
Нашата компанија инвестира во квалитетни градежни материјали и опрема од светски брендови со цел да се постигне врвен квалитет при градењето.