City-Garden-logo-300px

СТАНБЕНО-ДЕЛОВЕН КОМПЛЕКС

"Skopje City Garden"

Станбено-деловниот комплекс “Skopje City Garden” претставува современ објект кој нуди станови со различна типологија и позиција во станбените единици, со различна големина и ориентација. Секој од становите поседува можност за преуредување и трансформација во согласност со потребите на клиентите. Со понудата на различни типови на станови се постигнува максимална прилагодливост на објектот кон сите желби и потреби на клиентите, со можност за спојување на два или повеќе станови.

Комплексот е збогатен со над 3000м² деловен простор во рамките на приземјето. Содржините кои се планирани допридонесуваат за зголемување на квалитетот и современо живеење на нашите станари, како и жителните од околните згради.

УРБАНИСТИЧКА ПОСТАВЕНОСТ

Станбениот комплекс “Skopje City Garden” се наоѓа во општина Карпош 3, на улица “Манапо” б.б.

Комплексот преку оваа улица, се поврзува со булеварите “Илинденска” на северната страна и “Партизански одреди” на јужна страна, што самите булевари директно го поврзуваат со централното градско подрачје на град Скопје. Во потесното опкружување на комплексот, во непосредна близина се наоѓаат образовни институции, детски градинки, здраствени установи, спортски центар “Борис Трајковски”, шопинг центар Skopje City Mall, зелен пазар, високо обравозовни институции итн.

Атрактивната локација е во непосредна близина на трговксиот центар Skopje City Mall кој располага со атрактивни продавници кои нудат купување на производи од светски брендoви, комплекс кина, кафулиња и ресторани, како и простор за најмладите.

Со самата местополжба “Skopje City Garden” Ви дава директна поврзаност со сето она што Ви е потребно за одвивање на Вашиот современ живот. Преку близината на градскиот парк, како и многуте излетнички места, комплексот Ви нуди брза поврзаност со локации кои нудат одмор и рекреација во текот на целата година.

Затоа нашиот најнов комплекс Ви нуди Ваш, нов, семеен дом во кој на дофат ги имате сите задоволства за квалитетно и современо живеење.

Оддалеченост од:

  • Центар на град Скопје – 3,4 км / 8 минути со автомобил
  • Транспортен центар – 5,9 км / 14 минути со автомобил
  • Клинички центар – 4,6 км / 11 минути со автомобил
  • Болница Филип Втори – 2 км / 4 минути со автомобил
  • С.Ц. “Борис Tрајковски” – 1,7 км / 4 минути со автомобил
  • Градски парк – 3,1 км  / 6 минути со автомобил
  • Водно – 4,6 км / 11 минути со автомобил
  • Аеродром Скопје – 26,7 км / 29 минути со автомобил
  • Попова Шапка – 60,8 км / 59 минути со автомобил
  • Маврово – 96 км / 1 час и 21 минута со автомобил

ПРОЕКТАНТСКО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Становите се дефинирани од вкупниот број на соби кои ги содржи. За соби се сметат: дневна соба со трпезарија, родителска- спална соба, детска собадвокреветна спална соба или детскаеднокреветна спална соба. Други станбени простории во станот се: просторот за ручање (трпезаријата) и просторот за термичка обработка на храната (кујната). Придружни простории во станот се: хоризонталните комуникации, бања, гостинси тоалет, перална, гардеробери и тераси.

Во станбено-деловниот комплекс паркирањето е решено преку изведба на подземен паркинг во две подземни нивоа, проектирани по принципот на современите проектни решенија за подземни гаражи. Кон подземниот паркинг се пристапува преку пристапна рампа со влез од западната страна на комплексот.

“Skopje City Garden” претставува станбенo-деловен комплекс, составен од следниве содржини:

Колективни станбени згради, кој во својот состав ги содржат блоковите:

  • БЛОК 1.3- со влезовите 1, 2 и 3

Блокот 1.3 се состои од две станбени згради. За првата станбена единица, со цел да се задоволат добрата функционалност и квалитетното одржување, предвидидени се два влезови, влез 1 и влез 2 и тоа од страната на улица ‘’7’’, која не поврзува со висококатницата “Skopje City Tower”. За втората станбена единица предвиден е еден влез, влез 3 од страна на улица ‘’Манапо’’. Блокот 1.3, во својот вертикален пресек се состои од: приземје, 8 Катови и поткровје.

  • КУЛА 1.3, со влезовите 1 и 2

Кулата 1.3, се состои од една станбена единица. За станбениот објект беспрекорно да функционира и да го задоволи квалитетното живеење во висококатница, предвидени се два влезови, влез 1 и влез 2. Влезовите се стационирани на северната страна во локациајта, поточно од страна на пешачката зона на северна страна која е во непосредна близина на новоизградениот обејкт на Про Кредит банка. Кулата 1.3, во својот вертикален пресек се состои од: приземје, 15 Катови и поткровје.

ТИПОЛОГИЈА

Tipologija-1_900x600
Tipologija-2_900x600
Tipologija-3_900x600

СОДРЖИНА

Skopje City Garden, содржи станбени единици од 28 м2 до 186 м2. Поради различната површина и дизпозиција на становите, предвидени се следниве типови на станови:

  • Гарсоњери
  • Двособни станови,
  • Трособни станoви,
  • Четворособни станови
  • Четворособни станови со индивидуални градини, на тераси.

Во блокот 1.3 со влезoвите 1 и 2 се застапени сите типови на станови, од гарсоњери, па се до четворособни станови со градини. Додека пак блокот 1.3, со својот влез 3 ги задржува само двата типови на станови: двособни и трособни станови.

Во кулата 1.3, со влезовите 1 и 2, од 1 кат до 9 кат застапени се сите типови на станови, од гарсоњери до четворособни станови со градини, додека од 10-16 кат се појавуваат сите станови, со исклучок на четворособниот стан со градина.

Останатите единиците кои се вклучени на станбено-деловниот комплекс “Skopje City Garden”, се:

Партерно уредување

Влез во деловниот простор, влезови во станбените единици, надземни паркинг места, рампа за влез во подземите паркинг нивоа и зелени површини.

Приземје

Приземјето на станбениот комплекс е збогатено со деловни содржини, потребни магацини за функционирање на истите, технички простории, влезови во станбените единици со скалишни пристапи и рампи за лица со посебни потреби, внатрешни, скалишни вертикални комуникации и холови, како и 10 современи, брзи лифтови.

Подрум -1

  • Хотизонтални комуникации, со пристапни рампи и коловози
  • Паркинг места
  • Остави од 4.4 до 9.9 м2
  • Технички простории
  • Скалишни вертикални комуникации со лифтови за блок 1.3 и кула 1.3

Подрум -2

  • Хотизонтални комуникации, со пристапни рампи и коловози
  • Паркинг места
  • Остави од 4.1 до 10.3 м2
  • Технички простории
  • Скалишни вертикални комуникации со лифтови за блок 1.3 и кула 1.3

ТИПОВИ НА СТАНОВИ

Типовите на станови се проектирани да ги задоволат потребите на нашите клиенти со различни барања и различни финансиски можности. Со таа цел станбениот комплекс нуди станови кои започнуваат од 28 м² (тип гарсоњери) до актрактивни, четворособни станови со индивидуални градини-тераси од 186м².

ГАРСОЊЕРА

ДВОСОБЕН МОДЕЛ А

ДВОСОБЕН МОДЕЛ Б

ТРОСОБЕН МОДЕЛ А

ТРОСОБЕН МОДЕЛ В

ТРОСОБЕН МОДЕЛ Б

ТРОСОБЕН МОДЕЛ Г

ЧЕТВОРОСОБЕН МОДЕЛ А

ЧЕТВОРОСОБЕН МОДЕЛ В

ЧЕТВОРОСОБЕН МОДЕЛ Б

ЧЕТВОРОСОБЕН ГРАДИНА

КОНСТРУКЦИЈА, МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Станбениот комплекс претставува армирано-бетонска скелетна конструкција со армирано-бетонски платна заради сеизмичко зајакнување. Конструкцијата ги задоволува сите домашни и меѓународни стандарди за сеизмичка стабилност. За преостанатите градежни позиции во станбениот комплекс предвидени се градежни материјали прозиведени од реномирани странски производители, со сопствена гаранција за квалитет и сигурност.

Кога станува збор за дизајн и современо живеење тимот на ЗСФ КОМ, секоја година ги следи најновите светски трендови кои се презентарираат на светските саеми за градежништво и дизајн. За нашите клиенти се предвидуваат дизајнирани бањи и гостински тоалети, како и кујни, со плочки во различни бои, дизајн и димезии. Со тоа имате шанса да уживате во сопствен дом со извонреден, современ и уникатен изглед. Уникатна и современа санитарна галантерија ќе биде вгардена во сите бањи и тоалети, а за целосен современ изглед на овие простории ќе допринесат стаклените паравани во делот за туширање.

Градежните материјали кои се вградуваат се со проверен квалитет и врвни карактеристики што овозможуваат комплексот да се вбројува во нискоенергетски објекти. Современата фасада на објектите истовремено е составена и од поголем процент на застаклени површини, што истите се со висок топлотен заштитен квалитет, односно за тоа се предвидени повеќеслојни изолирачки стакла. Сите надворешни како и внатрешни ѕидови се планирани да се изведуваат во цврста градба од ќерамички блокови 12/20/25/25 см во зависнот од барањата во проектот. Современото, фасадно обликување е изработено со демит фасада, со потребна изолација од надворешна страна 8см, која ги задоволува сите стандарди за постигнување на одлична звучна и топлотна изолација.

Сите преостанати подови, од типот на топли подови во нашите станови ќе бидат изработени од висококвалитетни паркети, при што имате прилика да уживате во топлиот амбиент и убавина на дрвото.

Како дополнување на целокупниот внатрешен изглед во домот, избираме високо квалитетни собни врати кои одлично ќе се вклопат во просторот, без разлика дали сте љубители на модерен или класичен стил.

Планирана е и ПВЦ дограма, со ефикасна топлинска и звучна изолација, 6-коморен систем со 3 дихтунг гуми и 4 сезонско стакло.

Лифотвите кои ќе бидат вградени Ви нудат брзина и целосна сигурност со беспрекорен внатрешен дизајн за пријатно и брзо пристигнување до Вашите домови.

ВАШАТА СИГУРНОСТ, НАША ЦЕЛ

Што се однесува до секојдневната безбедност, нашите клиенти се целосно заштитени во своите домови со сигурносни, блиндирани врати за влез во своите станови. Со надворешноста ќе бидат поврзани со видеофонски системи, за сигурен преглед на сопствените влезови и целосна заштита во изборот за дозволен пристап на влегување, од страна на надворешни лица. Автоматски врати со далечински управувачи се предвидени за влез во подземните простории.

Предност за нашите станари, како и во претходните наши објекти, така и во станбениот комплекс ” Skopje City Garden” ќе биде направено поврзување во мрежата на топлификација.

Dopolnuvanje1
Dopolnuvanje3
Dopolnuvanje2
Dopolnuvanje6
Dopolnuvanje8

ЗОШТО СЕ РАЗЛИКУВАМЕ ОД ОСТАНАТИТЕ

Градското зеленило има посебна еколошка функција во градот затоа што ги ублажува климатските екстреми, го забрзува проветрувањето на населбите, штити од бучава, претерана изложеност на сонце и ветрови, го прочистува воздухот и ја апсорбира прашината и штетните гасови; ја регулира влажноста на воздухот и температурниот режим на населбите; ја подобрува микроклимата на градската територија, создава услови за одмор на отворен воздух, ја штити почвата, зградите и тротоарите од прегревање итн.

Основни елементи на градското зеленило се: парковите, градините, озеленетите територии во станбените и индустриските зони, крајбрежни локации, булеварите, заштитените зелени зони, парк шумите и во приградската зона (во широчина од 5 до 20 км).

Живот во зеленило позитивно влијае врз менталното здравје. Животот во урбани области со повеќе зелени површини има долгорочни позитивни ефекти врз менталното здравје на луѓето. Британски истражувачи откриле дека животот во зеленило има позитивни ефекти кои се подолгорочни од зголемување плата или промоција. Студијата е работена врз основа на претходна студија која покажала дека луѓето кои живеат во зелени градски области покажуваат помалку знаци на депресија или анксиозност. Постојат докази дека луѓето кои живеат во области со зелени површини се помалку под стрес и прават поразумни одлуки и подобро комуницираат.

Сведоци сме на секојдневите климатски промени како и целокупното загадување кое се појавува во нашиот град Скопје. Не само дрвјата, туку и тревниците се исклучително важни бидејќи ја задржуваат прашината. И најмало зеленило ја намалува градската запрашеност за 30-40%.

Урбаното зеленило има важна улога во заштитата од загадувањето. Тоа апсорбира загадувачки гасови и прашина. Зеленилото го штити градежниот простор од прашина на тој начин што ја намалува силата на ветерот, па прашината веднаш се таложи на тлото. Зеленилото е особено ефикасно при отстранување на крупните честички.

 Понесени од целокупната функција и благодетите што со себе ги носи зеленилото, ЗСФ КОМ смело одлучи да го внесе зeленилото во Вашите домови.

Нашето досегашно мото беше и ќе остани, да изградиме Ваш нов семеен дом, со доверба, сигурност и квалитет во секој м². Но за новиот станбен комплекс “Skopje City Garden”, нашето мото го збогатуваме со идејата да се живее во домови со многу зеленило, зеленило кое позитивно ќе влијае на сите Вас. Да ги зголемуваме  зелените градски површини и да создаваме современи, градски, урбани средини.

БИДЕТЕ УНИКАТНИ...
СОВРЕМЕНИ ЕНТЕРИЕРНИ РЕШЕНИЈА ЗА СИТЕ!

Нашите дизајнери се погрижија Вашите домови да изгледаат беспрекорно и современо. За сите типови на станови се изработени современи дизајнерски, ентериерни решенија со 3Д прикази како и внатрешни визуализации.

Дизајнирани и уредени за потребите на нашите клинети, нашите решенија се изработени да задоволат желби и потреби за млади брачни парови, студенти, а истовремено и за семејства со поголем број на членови.

При конципирањето на решенијата, нашата главна идеја е да се создаде позитивна и релаксирана атмосфера во ентериерот, просторот да содржи потребни парчиња на мебел за пријатен престој, како и да се отвори видикот кон зеленилото кое е застапено на терасите. А со тоа нашите клиенти да можат да уживаат во убавите сопствени градини, но и во градските визури. Резултатите се со динамичен и современ дизајн, во кој максимално се искористува расположливата внатрешна квадратура во просторот.

Со особено внимание се дизајнирани детските соби кои претставуваат сопствено катче за секое дете. Место каде секојдневно се одвива детскиот развој на најмладите наши клиенти.

 

Инспирирајте се од нашите дизајнерски решенија и размислете за Вашиот нов семеен дом со стилски и несекојдневен изглед. Бидете уникатни…