ЗАВРШЕНИ ПРОЕКТИ
ОПШТИНА АЕРОДРОМ
УРБАНИСТИЧКИ АСПЕКТИ НА ОБЈЕКТОТ
Станбено-деловниот објект лоциран на ул.”23ти Октомври“ бб, се наоѓа веднаш до ОУ „Браќа Миладиновци“ во Општина Аеродром, Скопје и се протега на градежна парцела од 1269 м2. Неговата површина за градење изнесува 522 м2.
Висината на станбениот блок е П+8+Птк, со две подземни нивоа во кои е решено паркирањето. На приземјето е проектиран деловен и магацински простор. Влезот за деловниот простор е од ул. „23ти Октомври“, додека пристапот до магацинскиот простор е од новопроектираната сервисна улица. Пристапот до подрумскиот дел е преку главната улица.
Преку главната улица, објектот е поврзан со главната железничка станица, како и со Фондот за Пензиско и инвалидско осигурување.
Самата местоположба на станбената зграда Ви дава директна поврзаност со сето она што е потребно за одвивање на вашиот современ живот.
ПРОЕКТАНТСКО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ
Станбената зграда претставува станбено-деловен објект. Објектот располага со 81 станбена единица решени во еден влез. Сите катови се со намена домување, освен приземјето кое е со намена деловен простор.
Според ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИН И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НЕПРЕЧЕН ПРИСТАП, ДВИЖЕЊЕ, ПРЕСТОЈ И РАБОТА НА ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ (Сл.Весник на Р.М. бр. 17/15), проектирани се 4 (од потребни 4) стана за лица со посебни потреби.
ТИПОВИ НА СТАНОВИ
Становите во станбената зграда се двособни и трособни. Становите се проектирани на тој начин за да ги задоволаат потребите на нашите клиенти, кои имаат различни барања и различни финансиски можности.
ДВОСОБЕН МОДЕЛ 1
ДВОСОБЕН МОДЕЛ 2
ДВОСОБЕН МОДЕЛ 3
ДВОСОБЕН МОДЕЛ 4
ДВОСОБЕН МОДЕЛ 5
ДВОСОБЕН МОДЕЛ 6
ДВОСОБЕН МОДЕЛ 7
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 1
ТРОСОБЕН МОДЕЛ 2
КОНСТРУКЦИЈА, МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ
Конструктивниот систем е составен од армирано бетонски столбови и греди со различни распони, поставени така што најдобро се обезбедува поволно решение за паркирањето, а пред се флексибилно решавање на станбените единици.
Сите градежни материјали и вградени инсталации ги задоволуваат важечките технички услови и стандарди во однос на конструкција, противпожарна безбедност, топлинска, звучна и хидро изолација, како и енергетска ефикасност. Вградените материјали, по своите својства, структура и боја, влијаат на комфорот и пријатното чувство во просторот. Материјалите воедно влијаат и на еколошкиот фактор, односно се во согласност со прописите за градежни производи во зависност од намената за која се предвидени.
Подови
Изведбата на подовите и изборот на материјалите се во согласност со прописи за овој вид на објекти. Во становите е предвидено пиокривање со керамички и гранитни плочки во влезниот простор и кујните, додека просторот за боравење и спалните соби се покриваат со трослоен паркет, со топла светла дабова нијанса. Ходниците и просториите за комуникација се предвидени да бидат покриени со првокласни гранитни плочки. Бањите во становите, како и потстаниците во подрумот и просторијата за одржување на хигиена, е предвидено да се обложат со нелизгави плочки, со пад кон подните сифони. На сите подови е предвидена соодветна термичка и звучна изолација со тврдопресован стиропор (150kg/m2) како дел од цементната кошулица.
Sидови и плафони
Фасадани sидови се изведени од сипорекс блокови со дебелина од 20 см и соодветна термоизолација од 8cm (демит фасада).
Ѕидовите помеѓу станбените единици се ѕидани како „сендвич ѕидови“ од два слоја блокови сипорекс и дополителна звучна и термичка изолација од воздушен простор и тервол. Ѕидовите помеѓу станбените единици и ходниците се ѕидани со сипорекс блокови со дебелина 25cm или пак сипорекс блок од 15cm со дополнителна изолација од тервол и гипс картонски ѕидови каде што има инсталации. Пожарна отпорност на преградните ѕидови помеѓу станови и ходници е 2 часа.
Внатрешните преградни ѕидови се изработени од сипорекс блокови со дебелина од 10cm, обложени со малтер и глет маса помеѓу спалните и дневната соба, а со малтер и глет маса од едната страна и соодветна завршна обработка од керамички плочки од другата страна кај ѕидовите од санитарните јазли.
Во бањите ѕидовите се обложени со керамички плочки до височина од 240 см, додека плафонот во бањата е предвиден од лесно одржливи алуминиумски панели – „армстронг“.
ВНАТРЕШНА СТОЛАРИЈА
Фасадна столарија
Прозорците се изработени од ПВЦ термоизолирани профили и термоизолационо стакло (6+16+4) со мин.коеф. на топлинска спроводливост од 1,3 w/m2. И со можност за отворање по хоризонтална и вертикална оска. Лизгачките врати кон балконите се тип “Volkswagen“ и истите се со можност за отворање и по хоризонтална оска (кип).
Врати
Надворешната влезна врата е обезбедена од надворешни влијанија и истата е предвидена да функционира со автоматско затворање и видеофонија за контрола на влез. Влезните врати во станбените единици имаат 90cm светол отвор, a вратите во станбените единици наменети за лица со посебни потреби имаат светла широчина од 100cm.
ФАСАДА
Објектот е конципиран со елементи од модерната архитектура во склад со новите актуелни трендови. Sидната површина е обработена со класична термофасада, но со нејзината едноставност дозволува да дојдат до израз балконските стаклени огради кои претставуваат симбол на самиот објект.
ЗСФ КОМ во своето долгогодишно работно искуство, успешно има инвестирано во изведба на станбени објекти и континуирано се стреми кон подобрување и унапредување на стандардите во нашиот пазар.
СИГУРНОСТ
Клиентите инвестираат во недвижен имот од ЗСФ КОМ, бидејќи ние им даваме сигурност за брзината на градбата, исполнувањето на роковите и гаранции за вградените материјали.
КВАЛИТЕТ
Нашата компанија инвестира во квалитетни градежни материјали и опрема од светски брендови со цел да се постигне врвен квалитет при градењето.
ОПШТИНА АЕРОДРОМ
Станбената зграда се наоѓа на Бул.Јане Сандански, бб, Општина Аеродром.
Висината на објектот е П+8+Пк со две подрумски нивоа во кои е решено паркирањето.
На приземјето се проектирани деловни и магацински простории.
Станбената зграда располага со 248 станбеи единици решени во 4 влеза. Сите катови се со намена домување, со следната структура на станови: гарсоњери, двособни, трособни и четворособни станови.
Влез 1 располага со 9 станбени единици на кат, од гарсоњери се до четворособни станови. Влез 2 располага со 6 станбени единици на кат, и тоa: гарсоњери, двособни и трособни станови. Влез 3 располага со 6 станбени единици на кат, и тоa: гарсоњери, двособни и трособни станови. Влез 4 располага со 7 станбени единици на кат, од гарсоњери се до четворособни станови.
Архитектурата на станбената зграда е проектирано на тој начин за да има модерен изглед и примена на современи материјали и технологии, како во екстериерот така и во ентериерот.
ОПШТИНА КАРПОШ
Станбената зграда се наоѓа на ул.”Прашка” бб, Општина Карпош Скопје.
Површината на локацијата (градежната парцела) изнесува 2492 м2, додека површината за градење изнесува 1046 м2.
Висината на објектот е П+8+Пк и галерија на поткровје, како и подрумско ниво во кое е решено паркирањето. Влезовите во станбената зграда се наоѓаат од ул.”Прашка”.
На приземјето се проектирани деловни и магацински простории. Влезовите за деловните простории се исто од улица Прашка, додека од сервисната улица се сместени магацинските простории.
На катовите од 1 до 8 се проектирани станови со различна структура и тоа од: гарсоњери, двособни, трособни и четворособни станови. На поткровје и галерија на поткровје се проектирани 8 дуплекс станови засебно за влез 1 и влез 2.
Пристапот од подрумскиот дел е преку сервисната улица, каде што се сместени паркинг местата.
Архитектурата е конципиран како објект со елементи од модерната архитектура во склад со новите актуелни трендови.
МАЏИР МААЛО
Станбената зграда Маџир Маало се наоѓа во Општина Центар, на ул.Маџир Маало бб, Скопје.
Од источна страна станбената зграда се поврзува со ул.Беласица, додека од северна страна се поврзува со Булевардот Кузман Јосифовски Питу. Во потесното опкружување на зградава се наоѓаат железничка и автобуска станица, жена парк, образовни институции, високо образовни институции, здравствени објекти, шопинг центар Веро, центар на градот итн.
Станбената зграда Маџир Маало ви нуди нов семеен дом, со доверба, сигурност и квалитет во секој м2.
SKOPJE CITY GARDEN
Станбено-деловниот комплекс “Skopje City Garden” претставува современ објект кој нуди станови со различна типологија и позиција во станбените единици, со различна големина и ориентација. Секој од становите поседува можност за преуредување и трансформација во согласност со потребите на клиентите. Со понудата на различни типови на станови се постигнува максимална прилагодливост на објектот кон сите желби и потреби на клиентите, со можност за спојување на два или повеќе станови.
Комплексот е збогатен со над 3000м² деловен простор во рамките на приземјето. Содржините кои се планирани допридонесуваат за зголемување на квалитетот и современо живеење на нашите станари, како и жителните од околните згради.
ПАРТИЗАНСКА
Станбено-деловниот комплекс ‘’Партизанска’’ се наоѓа во општината Карпош 3, на булеварот ‘’Партизански Одреди’’ бр.106. Овој станбен-деловен комплекс, во својот вертикален пресек се состои од: Приземје, 8 Катови и Поткровје со 90 станбени единици.
Станбените единици кои го соочинуваат објектот се со различна типологија, големина и ориентација. Во подземните нивоа на објектот е сместено паркирањето, додека во приземјето се сместени деловни простории. Местоположбата на објектот претставува идеално место за живеење и средина за сите генерации, со најважните потребни услуги во близина. Нашето мото е: Вашиот нов семеен дом, со доверба, сигурност и квалитет во секој м2.
ПАЛАТА ВОДНО
Елитниот комплекс Палата Водно се наоѓа под прекрасните падини на Водно. Атрактивната локација на Палата Водно, комбинирана со луксузни апартмани и со сопствен паркинг, современи лифтови и уреди за електронско обезбедување ви гарантира квалитетно живеење во мирен и природен амбиент. Објектот е пуштен во употреба во 2014 година. Со сите свои карактеристики и квалитети, комплексот Палата Водно ви го нуди Вашиот иден дом од соништата!
БАГДАТСКА
Комплексот Багдатска е лоциран во срцето на Скопје, на атрактивен и мирен дел во населбата Тафталиџе, познат како Млечен Ресторан. Висината на објектот е: Приземје, 2 Катови и Поткровје. Во однос на типологијата, комплексот ги задржува следниве типови на станови: трособни и четворособни станови. Предноста на комплексот е во малиот број на станови што гарантира поголема интимност на станарите. Комплексот е комплетиран во 2013 година. Современиот и квалитетен дизајн на комплексот Багдатска нуди елитен и мирен стил на живот, со сите предности на метрополско живеење … животен стил којшто си го заслужил!
ЧАИР
Објектот се наоѓа на улица ‘’Џон Кенеди’’ во општина Чаир во Скопје. Објектот се состои од: Приземје, 7 Катови и Поткровје со вкупна површина од 10,000 м2. Овој објект содржи 90 aпартмани, комплетиран во 2006 година. Во приземјето се сместени деловни простории, додека објектот поседува подземен и надворешен паркинг. Дизајниран и граден во современ стил со сите услови за комфорен семеен живот со ретка комбинација на урбани градски поволности и со големи површини на зеленило.
ТОПАНСКО
Објектот се наоѓа на ексклузивен и мирен дел во општина Чаир во Скопје. Овој современ објект функционира успешно за деловни активности, како и за удобно семејно живеење со вкупна површина од 15,000 м2. Објектот е комплетиран во 2009 година.
MAКЕДОНСКА КУЌА
Претставува значаен објект, кој се наоѓа на Кале во Скопје. Објектот е успешно реновиран во сите рамки на историски и културни вредности.