НОВА СОВРЕМЕНА СТАНБЕНА ЗГРАДА

МАЏИР МААЛО

Новата современа станбена зграда Маџир Маало се наоѓа во градска четврт Маџир Маало бб, Општина Центар Скопје.

 Максималната висина на објектот е П+7+Пк и висина на венец од 29 м. Објектот е решен со 2 влеза. Влез 1 и влез 2 од станбената зграда се наоѓаат  од источната страна.

 На приземјето се проектирани деловни и магацински простории.

 На катовите се проектирани станови со различна структура. Во однос на типологијата на станови, објектот располага со: гарсоњери, двособни, трособни и четворособни станови.

 Паркирањето е решено  на две нивоа на подруми, каде што се обезбедува потребниот број на возила за станбениот и деловниот простор. Дел од паркирањето е решено со паркинг системи.

Архитектурата е конципирана како современ објект со едноставна форма решен со апликации од дрво на контактна термо фасада.

УРБАНИСТИЧКА ПОСТАВЕНОСТ

Станбената зграда Маџир Маало се наоѓа во Општина Центар, на ул.Маџир Маало бб, Скопје.

Од источна страна станбената зграда се поврзува со ул.Беласица, додека од северна страна се поврзува со Булевардот Кузман Јосифовски Питу. Во потесното опкружување на зградава се наоѓаат железничка и автобуска станица, жена парк, образовни институции, високо образовни институции, здравствени објекти, шопинг центар Веро, центар на градот итн.

Станбената зграда Маџир Маало ви нуди нов семеен дом, со доверба, сигурност и квалитет во секој м2.

Оддалеченост од:

  • Центар на град Скопје – 2,4 км / 9 минутисо автомобил
  • Градски парк – 3,3 км  / 9 минутисо автомобил
  • Болница Филип Втори 5 км / 12 минутисо автомобил
  • С.Ц. “Борис Tрајковски”– 4,9км / 12минутисо автомобил
  • Клинички центар – 3,8 км / 14 минутисо автомобил
  • Аеродром Скопје – 22,2 км / 21 минутисо автомобил
  • Водно – 14,3 км / 59 минутисо автомобил
  • Попова Шапка – 65,5 км / 1 час и 21 минутисо автомобил
  • Маврово –98,3  км / 1 час и 40  минутисо автомобил

ПРОЕКТАНТСКО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Станбената зграда Маџир Маало претставува станбено-деловон објект. Објектот има два влеза. Влезовите во станбениот дел се од источната страна на локацијата.

Во секој од влезовите се сместени по два лифта и скалишен простор кои се одвоени со предпростор тампон и се вентилирани преку кровот.

Од влезниот тампон е проектиран ходник со станови и тоа: Во влез 1 се проектирани по 6 стана на кат, односно од кат 1 до 6, додека на кат 7 се проектирани по 5 стана на кат.

Во влез 2 се проектирани по 5 стана на кат, односно на кат 1,3,5 и 7, додека на кат 2,4 и 6 по 6 стана на кат. Вкупниот број на станови од влез 1 и влез 2 изнесува 88 станови.

ТИПОЛОГИЈА

СОДРЖИНА

Станбената зграда Маџир Маало содржи станбени единици од 30 до 152 м2. Поради различната површина и диспозиција на становите, предвидени се следните типови на станови:

 

Гарсоњери

Двособни станови

Трособни станови и 

Четворособни станови.

 

Во влез 1, од 1 до 7 кат се застапени следните типови на станови: двособни, трособни и четворособни станови, додека на поткровје се застапени трособни и четворособни станови.

Во влез 2, на кат 1, 3 и 5 се застапени следните типови на станови: двособни, трособни и четворособни станови, додека на кат 2, 4 и 6 се застапени сите типови на станови од: гарсоњери, двособни,  трособни и четворособни станови. На кат 7 се застапени 5 стана, од кои: двособни, трособен и четворособни станови. На поткровје се застапени 4 станови, од кои : двособен, трособен и четворособен стан.

Партерно уредување

Влезови во деловни и магацински простории, влезови во станбените единици, надземни паркинг места, рампа за влез во подземните паркинг нивоа и зелени површини.

Приземје

На приземјето се проектирани локали- деловни простории и магацински простории. Деловниот простор е поделен на повеќе локали со различни површини и магацинскии простории со различни површини. Секои од деловните и магацинските простории имаат свои пристапи. Влез  во станбените единици со скалишни пристапи и рампи за лица со посебни потреби, внатрешни скалишни вертикални комуникации и холови, како и 4 современи лифтови.

Подрум -1

  • Хоризонтални комунукации со пристапни рампи
  • 36 паркинг места
  • Остава 1 и 2
  • Хидростаница
  • Топлотна подстаница
  • Скалишни вертикални комуникации со лифтови

Подрум -2

  • Хоризонтални комунукации со пристапни рампи
  • 51 паркинг места
  • Техничка просторија
  • Остава
  • Скалишни вертикални комуникации со лифтови.

ТИПОВИ НА СТАНОВИ

Со понудата на различни типови на станови се постигнува максимална прилагодливост на зградава кон секоја желба и потреба на клиенти. Со таа цел, станбената зграда ви нуди станови од 30 (гарсоњери) до 152 м2 (четворособни станови).

ГАРСОЊЕРА МОДЕЛ 1

ГАРСОЊЕРА МОДЕЛ 2

ДВОСОБЕН МОДЕЛ 1

ДВОСОБЕН МОДЕЛ 2

ДВОСОБЕН МОДЕЛ 3

ДВОСОБЕН МОДЕЛ 4

ДВОСОБЕН МОДЕЛ 5

ДВОСОБЕН МОДЕЛ 6

ДВОСОБЕН МОДЕЛ 7

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 1

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 3

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 5

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 2

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 4

ТРОСОБЕН МОДЕЛ 6

ЧЕТВОРОСОБЕН МОДЕЛ 1

ЧЕТВОРОСОБЕН МОДЕЛ 1.2

ЧЕТВОРОСОБЕН МОДЕЛ 3

ЧЕТВОРОСОБЕН МОДЕЛ 1.1

ЧЕТВОРОСОБЕН МОДЕЛ 2

КОНСТРУКЦИЈА, МАТЕРИЈАЛИЗАЦИЈА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Конструктивниот систем претставува армирано бетонски греди и столбови со армирано бетонски плочи од 15 цм. Распоните диктираат од потребите за паркирање на подрумските простории како и од функционалното решение на становите. Завршната плоча е решена како равна кровна градина со  пратечки содржини- остави. На делот на скалишните јадра и лифтови постои надвишување заради поврзување на сите ламели со против пожарен ходник кој е вентилиран со жалузини. Темелењето ќе биде со армирано бетонска плоча со дебелина 120 cм.

Градежните материјали кои се вградуваат се со проверен квалитет и карактеристики што овозможуваат станбената зграда да се вбројува во ниско енергетски објекти. Станбената зграда е конципирана како современа со едноставна форма решено со апликации од дрво на контактна термо фасада. Надворешните и внатрешните sидови се од керамички блокови 10/12/20/25/25 cм во зависност од проектот.

Посветеноста на компанијата ЗСФ КОМ како инвеститор се огледува во применета квалитетна градба во склад со Европските стандарди, како и комфорот и функционалноста на кој нашата фирма обрна посебно внимание.

За тоа најдобро сведочи дизајнот на бањите и гостинските тоалети, како и кујни опремени со квалитетни подни и sидни плочки со различни бои, дизајн и димензии. Санитарната галантерија е современа и ќе биде вградена во сите бањи и гостински тоалети, додека бањите добиваат уникатен изглед со поставувањете на стаклените паравани во делот за туширање.

Подовите во нашата станбена зграда ќе бидат изработени од природен дрвен под- паркет со дебелина од 2,4 cм и е фабрички завршно обработен. За внатрешниот изглед на становите избравме дрвени собни врати, кои даваат уникатен и комфорен изглед на станот, без разлика дали сте лубител на модерен или класичен стил.

Фасадната столарија е изработена од петкоморни ПВЦ термоизолирани профили, завршно обработени со филм со боја по избор на проектантот,  застаклена со ниско емисионо двослојно термопан стакло 4+16+4  мм, комплет со оков, и отварање според шемата за столарија.

Лифтовите кои ќе бидат вградени Ви нудат брзина и целосна сигурност со беспрекорен внатрешен дизајн за пријатно и брзо пристигнување до Вашите домови.