Наследството на Извонредност

Изложба на проекти кои стојат како доказ за нашето долгогодишно наследство на архитектонска и градежна извонредност
2006
Година
СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ЧАИР

Објектот се наоѓа на улицата „Џон Кенеди“ во општина Чаир во Скопје. Се состои од: Приземје, 7 ката и поткровје со вкупна површина од 10.000м2. Оваа зграда содржи 90 станови, завршена во 2006 година.

2009
Година
СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ТОПАНСКО

Објектот се наоѓа во ексклузивен и мирен дел на општина Чаир во Скопје. Овој модерен објект успешно функционира за деловни активности како и за удобно семејно живеење со вкупна површина од 15.000м2. Објектот е завршен во 2009 година.

2010
Година
ОБЈЕКТ МАКЕДОНСКА КУЌА

Објектот претставува стара архитектура од значење за Републиката и е културно историски објект кој датира од минатиот век. Се наоѓа на Кале во Скопје. Објектот е успешно реновиран во сите рамки на историски и културни вредности.

2013
Година
СТАНБЕН ОБЈЕКТ БАГДАТСКА

Комплексот Багдатска се наоѓа во срцето на Скопје, во атрактивен и тивок дел од населбата Тафталиџе, познат како Млечен ресторан. Комплексот е завршен во 2013 година.

2014
Година
СТАНБЕН ОБЈЕКТ ПАЛАТА ВОДНО

На падините на Водно се наоѓа елитниот комплекс Палата Водно. Атрактивната локација на Палата Водно е во комбинација со луксузни апартмани и сопствен паркинг. Објектот беше пуштен во употреба во 2014 година.

2015
Year
СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ПАРТИЗАНСКА

Станбено-деловниот комплекс „Партизанска“ се наоѓа во општина Карпош 3, на булеварот „Партизански одреди“ бр. 106.

2018
Година
СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ СКОПЈЕ СИТИ ГАРДЕН

Станбено-деловниот комплекс „Skopje City Garden“ е модерна зграда. Комплексот е збогатен со над 3000m² деловен простор на приземјето. Објектот е пуштен во употреба во 2018 година.

2019
Година
СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ МАЏИР МААЛО

Станбената зграда Маџир Маало се наоѓа во општина Центар, на улица Маџир Маало бб, Скопје. Објектот е завршен во 2019 година.

2020
Година
СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ПРАШКА

Станбената зграда се наоѓа на ул. „Паршка“ бр. 15, Општина Карпош Скопје. Објектот е пуштен во употреба во 2020 година.

2021
Година
СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ МАЈЧИН ДОМ

Станбената зграда се наоѓа на Бул. Јане Сандански, бр. 13, општина Аеродром. Располага со 248 станбени единици распоредени во 4 влеза. На приземје се планирани деловни простории. Објектот е пуштен во употреба во 2022 година.

2022
Година
СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ПИОМ

Станбено-деловен објект лоциран на улица 23 Октомври бр.7А кој е веднаш до ОУ "Браќа Миладиновци" во општина Аеродром-Скопје. Објектот е пуштен во употреба во 2022 година.

2023
Година
СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ БУТЕЛ

Станбената зграда се наоѓа на улица „Груица Војвода“ бр. 2, Општина Бутел, Скопје. Објектот се состои од две летви, кула и блок на приземје каде се проектирани деловни и магацински простории. Пуштен во употреба 2023 година.

2024
Година
СТАНБЕНО ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ШУТО ОРИЗАРИ

Станбената зграда се наоѓа на улица „Индира Ганди“ бр. 53, општина Шуто Оризари. Објектот е пуштен во употреба во 2024 година.

Сите Проекти